|
Одржана работилница за контрола на бездомните кучиња |
|
|
|
Понеделник, 20 Мај 2013 14:01 |
|
Зголемување на капацитетот на стационари каде ќе им се пружи хуман третман и здравствена заштита на кучињата скитници во Република Македонија, преку имплементирање на високите стандарди кои ги налага Светската организација за здравје на животните - ОИЕ. Ова беше една од темите на денешната работилница за контрола на популацијата кучиња скитници, која со учество на домашни и странски експерти, претставници од локалната самоуправа, невладините организации и науката, се одржа денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, со поддршка од Инструментот за техничка поддршка на Европската Комисија – TAIEX.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Соопштение |
|
|
|
Четврток, 16 Мај 2013 09:51 |
|
Агенцијата за храна и ветеринарство известува дека по првичната анализа на мостри од мачките за кои постои основано сомнение дека се заболени од беснило, извршена во националната референтна лабораторија при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и добиените позитивни резултати со методот на фуоресцентни антитела, во насока на нивна целосна верификација, АХВ веднаш ќе ги испрати мострите во референтната лабораторија на Европската унија во Нанси – Франција, за вршење на дополнително лабораториско испитување и финално потврдување на присуството на вирусот на беснило. Резултатите се очекуваат за 6-7 дена.
|
|
Повеќе...
|
|
Утврден сомнителен случај на беснило |
|
|
|
Среда, 15 Мај 2013 10:41 |
|
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, на 13.05.2013 година (понеделник), утврди сомнителен случај на беснило, и тоа кај улична мачка од подрачјето на населба Радишани во Скопје. Финалните лабораториски резултати од страна на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје се очекуваат во попладневните часови, меѓутоа клиничките знаци и методот на флуоросценција укажуваат на присуство на беснилото. Примероци се земени уште од две мачки, за кои исто така постои сомнеж за присуство на болеста.
Мачката за која постои сомневање за присуство на беснило, претходниот ден (на 12.05.2013 година), гризнала и човек. На гризнатото лице му е пружена неопходната медицинска помош, односно примен е соодветен третман против беснило.
|
|
Повеќе...
|
|
Соопштение |
|
|
|
Соопштение |
|
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |